Кога некој ќе ни каже дека јадењето за него претставува ритуал, а не обична потреба знаеме дека го имаме правиот Мигусто соговорник. Во оваа прилика тоа е познатата уметница Рисима, која доследно низ годините го промовира танцот како уметноста.

Иако некој ќе помисли дека поради описот на нејзината професија таа е строг поборник на здрава исхрана и држење диети, Рисима е потврда токму за спротивното. „Се случува да сум на специјален режим, поради икс причини, само тогаш внимавам. Инаку, обожувам да јадам без да размислувам колку калории има тоа што сум го изела. Јас ја сакам слободата, па така и кога јадам, сакам да сум слободна, да се најадам на раат. Нејзиниот најголем гастрономски порок се пиците и тестенинитеКако што вели самата, може да ги јаде секој ден и никогаш да не и е доста.

Омилена национална кујна нема, секоја храна ја сака, но ако мора да издвои би ја споменала мексиканската кујна, односно италијанската и македонската. Ова е потврда дека не важи за пребирлива личност, но немојте да и нудите само три нешта на маса. „Не јадам чварки, шкембе чорба и пача. За жал ми велат пријателите, ама никако не можам да се одлучам, дури ни да пробам“.
На идеален фамилијарен ручек или вечера на нејзината маса мора да има добро зготвена храна, убав сервис, чаши и се разбира расположено семејство ќе рече Рисима.

Нејзин најдобар домашен специјалитет е печеното месо, за кое ни се пофали дека е експерт во приготвувањето „печење“. Покрај месо одлично подготвува и домашни чорби.
Кога би отворила сопствен ресторан, Рисима вели дека тој мора да одговора на нејзиниот карактер. Тоа значи дека менито секојдневно ќе се менува. „Би направила мешана кујна, со различни специјалитети секоја недела, инаку, би умрела од досада. Само едно нешто да правиме и да нудиме, не иде“.

Од местата и градовите кои ги посетила и каде што вкусила вкусна храна особено ќе го памети Големото јаболко. „Секаде каде што одам имам обичај да пробувам различи работи, но последно нешто што ми остана во сеќавање е одличното пилешко кое го пробав некаде на 8 авенија во магичниот Њу Јорк.“

Омилена салата.. – Цезар, кај Јасминка во Диш
Омилен десерт – ситни колачи
Омилен ресторан – ги има повеќе, во принцип одам во Диш, Пелистер, Џино, Тото, Воденица, Кај Перо и уште многу други . ..

Омилено дневно мени –Најчесто јадам паста, многу често пица, сакам овошје и колачи
Доручек…….. кафе
Ручек…. салата или ништо
Вечера….. добро, обилно јадење, во зависност од расположението, ова ми е омилен оброк, со сите ритуали . Некогаш се случува да ги спојам ручекот и вечерата и со саати да седам на софра, со добро друштво