Рижото е едно од нашите омилени јадења, особено оваа комбинација со пилешко и маслинки. Ако до сега не сте ја пробале, сега е вистинскиот момент за таа. Фаќајте се за работа и пишете ни, како ви се допадна.

Рижото со пилешко и маслинки

By Мигусто Published: July 10, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 55 mins

Рижото е едно од нашите омилени јадења, особено оваа комбинација со …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во тава, на малку масло за готвење, запржете пола од ситно исечканиот кромид. Додадете ситно сечкано пилешко месо, зачинете по желба и пржете го. При крај, додадете 2 лажици оцет балсамико. Кога ќе испари течноста, тргнете го пилешкото настрана.
  2. 2.В0 истиот сад, на малку масло за готвење, ставете го оризот. Пропржете го.
  3. 3.Водата загрејте ја и во неа растопете ја коцката супа. Супата постепено додавајте ја во тавата со ориз.
  4. 4.Константно мешајте и секогаш кога оризот ќе ја впие супата, повторно додадете од супата
  5. 5.При крај, во супата додадетего пилешкото месо и сечканите црни маслинки. Мешајте се додека течноста не испари.
  6. 6.Кога водата ќе испари, рижотото е спремно . Консумирајте го топло