Дали ќе го комбинирате ова фантастично рижото со риба, остатоци од мевце од вчерашниот ручек или пак само со салата, задоволството ви е секако загарантирано.
Рижото со суви вргањи
By October 20, 2012
Published:Дали ќе го комбинирате ова фантастично рижото со риба, остатоци од мевце …
Ingredients
- 2 главици кромид (поголеми)
- 2 чешниња лук
- 2 супени лажици суви вргањи
- 300 гр свежи печурки (шампињони, буковки или други)
- 50-100 гр рендан пармезан
- 300 гр ориз
- 2-2,5 повеќе од оризот бујон од зеленчук (коцка) (или вода)
- 2 супени лажици свеж магдонос (ситно исечкан)
- малку сол
- малку црн пипер
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Сувите вргањи потопете ги во вода и оставете ги да постојат така околу 20 минути. Потоа исцедете ги, но не ја фрлајте водата.
- 2.Во подлабоко тавче загрејте го маслото, а потоа додадете го ситно исечканиот кромид и лук и пржете ги околу 5 минути.
- 3.Потоа додадете го оризот и измешајте убаво за оризот да го упие маслото и малку да се запржи.
- 4.Додадете го бујонот од зеленчук (или вода) и водата во која се киснеа вргањите и оставете да врие околу 20 минути во непокриено тавче. Потоа покријте го со капак и оставете да се крчка на тивок оган се додека целата вода не се упие. Повремено мешајте.
- 5.Додадете ги вргањите и свежите печурки, а потоа покријте го тавчето со капак и оставете да се крчка на тивок оган се додека целата вода не се упие, односно додека оризот не омекне. Повремено мешајте, и ако е потребно додадете уште вода.
- 6.Кога оризот ќе омекне, зачинете со сол, црн пипер и ситно исечкан магдонос, додадете го пармезанот, убаво промешајте и послужете додека е топло.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна