Да се запознаеме со рогачот не поттикна нашата пријателка Валентина Крстевска која ни испрати рецепт каде што се користи  брашно од рогач.   Иако звучи чудно станува збор за познато брашно кое наоѓа примена во приготвување на многу рецепти. Најчесто го користат луѓе кои се приврзаници на здравата исхрана, но зошто и вие да не го пробате. Особено откако ќе го прочитате овој текст.

Тогаш, што е тоа рогач? Едноставно. Рогач е тип на дрво дрво, чијшто плод го носи истото име. Ова растение го има на поширокиот појас на Медитаранот, во Израел и Кипар. Станува збор за зимзелено дрво од фамилијата на мешунки. Има медитеранско потекло, а се одгледува од многу одамна и е познат е уште како „леб на Свети Јован“ затоа што, според преданијата, Јован Крстителот, додека живеел во пустина, се хранел токму со рогач. Дрвото може да достигне височина од 10 м, може да живее и до 100 години, а цвета и дава плод дури по 6 години откако ќе се насади. Тоа е единствено дрво на Средоземното море кое цвета на есен, поточно во октомври, а во пролет ги дава своите плодови.

Со ова дрво се поврзани разни легенди говорејќи за неговите разновидни особини. Во Мала Азија и Сирија го сметаат за свето, а израелските арапи никогаш не се одмарале под сенката на дрвото  затоа што тие сметале дека тоа носи несреќа. Абориџините ако сакале да дознаат на која возратс е човекот, тогаш го прашувале колку пати видел цветови на ова дрво.

Еве нешто интересно. Кај старите Римјани постоеле 22 единици на тежина. Најголемата била наречена талент и изнесувала 26,2 кг, а најмалата била наречена siliqua (силиква) или гран (гранула) и изнесувала 0,189 г. Што се мерело со оваа мала мерка и од каде се појавиле тие толку мали тегови? Во античките времиња, па и подоцна, во аптеките, аптекарите мереле мали количини, на пример отров, а златарите ја мереле тежината на скапоцените камења и злато (денес за таа цел се употребуваат прецизни ваги). За такви цели, како мали тегови на вагите ги употребувале семките на дрвото на рогачот.

Латинско име на ова дрво е Ceratonia siliqua, а грчко име е keratos (кератос) што значи рог (од таму и  името рогач). Името го добило според формата на плодот (изгледа како рог). Уште во тие дамнешни времиња било утврдено дека семето на расцутеното дрво по тежината не се разликувале едни од други, според тоа тие биле спремни да претставуваат природни мали тегови. Се претпоставува дека siliqua подоцна станала позната како карат во чија основ лежи истиот израз “keratos” (првото потекнува од латинското име на дрвото, а второт од грчкото име).

Во Израел, од плодовите произведувале мед и вино, на листовите пишувале, од листовите и кората на дрвото добивале танини (се користи при штавење на кожата), а од дрво се правел мебел, алатки и скулптури. Во Израел, можете да се купат скапи подароци, украсени со ова дрво или неговите плодови. Една од добрите особини на рогачот е тоа што може да остане на дрвото со години и при тоа да не ги изгуби ценетите особини.

Рогачот е толку ценет, па дури и се смета за свето дрвобидејќи е многу отпорно на разни штеточинки. Нема потреба од прскања со разни хемикалии, а тоа значи здрав еколоши продукт. Кората и листовите па и самото дрвото имаат лековити својства и се користат за подготовка на разни екстракти кои помогаат во борбата со настинки, бронхијални и белодробни заболувања, како и дигестивни нарушувања.

Рогачот се користат како лек за внатрешни повреди, рани во устата, кашлање, проблеми со дишењето, па дури и дијабетес.

Супстанцата која се наоѓа во плодовите е наречена “смола на дрвото рогач”, во прехранбената индустрија се користи како стабилизатор и згуснувач, но и во козметика и фармацевтската индустрија. Познат е како Е410.

За плодовите на рогачот се вели дека е храна на евангелистите, фараони и современите жители на Медитеранот.

Како да се користи ова ценето растение?

Плодовите се јадат и се многу хранлива, а од семките се приготвуваат напитоци слични на кафето. Од рогачот може да се користат и мешунките и семките. Се употребуван и како засладувач и како замена на какаото.

Плодовите се богати со прехранбени влакна (пектин и лигнин), кои ја  подобруваат флората во дигестивниот тракт, ја намалува количината на штетни бактерии, а и го намалуваат нивото на холестеролот. Покрај тоа, тие ги отстрануваат тешки метали и токсични материи од организмот. Постојат докази дека плодовите на рогачот ја спречува појавата на рак и помага за добро функционирање на срцето и бубрезите.

Денес, индустријата за храна нуди брашно од ова дрво, како алтернатива на какаото и чоколадата. Брашното содржи до 5% протеини и многу минерали, како што се железо, цинк, калциум, магнезиум, силициум, фосфор и калиум. Од друга страна, не содржи глутен, типично за други видови на брашно, што значи дека е погодно за луѓе кои се алергични на глутен, односно имаат нетолерантност спрема глутенот.

Во шпанскиот медитеранската кујна брашното од рогачот се користи во изработка на различни видови на бисквити, сладолед, сосови, сирења, и многу други производи. По вкус, ова брашно наликува на какао во прав. Во медицинската индустрија, ова брашно се користат во производството на разни фармацевтски производи (капсули, паста за заби, лекови против дијареја, итн.). Брашното се применува и во козметичката индустрија за правење на кремови за бричење, се користи во текстилната и хемиската индустрија во производство на бои, битумен и лепила, а се употребува и во индустријата за производство на храна за стока.
Рогач

Ако не сте знаеле, еве можност да дознаете. Дрвото од рогачот е симбол на Кипар каде што го нарекуваат „црно злато“.

Семето се бере незрело, се остават на сонце, првин се остава да дозрее, а потоа да се исуши при тоа стануваат сочно и слатко. Од него се добива сируп кој поседува неверојатно широк спектар на лековити својства. Тој се користи за лекување на внатрешните рани, чиреви, болка во грлото и кашлица, како лек против пролив, труење, за чистење на организмот од разни отровите, нервни нарушувања и нарушувања на сонот. Тој е исто така еден моќен афродизијак. Од плодовите се прави алкохол, се добива прав како замена на какаото, кој може да го користат дури и заболените од дијабетес, а со него се приготвуваат и разни сосови.

Штом дрвото на рогачот е толку корисно, па зошто тогаш да не го примениме и ние во нашата исхрана.