Декоративен месен ролат кој е одличен за секоја прилика, едноставно и доста визулено мезе а може и како прилог кон ордевер или било кое јадење од компир или ориз.

Ролат од мелено месо

By Марија Беровска Published: November 9, 2012

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 55 mins

Декоративен месен ролат кој е одличен за секоја прилика, едноставно и …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во тава, на малку масло за готвење, запржете ја ситно исечканата сланина, додадете го сечканиот кромид и пржете 4 до 5 минути. Оставете ја смесата да се олади.
  2. 2.Во пластичен сад, измешајте го меленото месо со смесата од сланина, додадете едно јајце и кришките стар леб. Зачинете.
  3. 3.На намастена најлонска фолија,од смесата со мелено месо формирајте правоаголник со дебелина од пола сантиметар. На средина поставете ги варените јајца и со помош на најлонска фолија виткајте ролат.
  4. 4.Вака подготвениот ролат ставете го во тава за печење и печете 40 минути на 200 степени.