За вистински љубители на најубавата штрудла со мак, која се топи во уста. Задолжително прогитвете ја уште денес и почестете се со изворедно вкусен домашен колач.

Ролат со мак

By Тетка Биберче Published: January 14, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 60 mins

За вистински љубители на најубавата штрудла со мак, која се топи во уста. …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Во подлабок сад изматете го путерот, јајцата, топлото млеко, шеќерот и солта. Брашното измешајте го со сувиот квасец па додадете во садот. Тестото добро измесете го и оставете го да отстои околу еден час, т.е. се додека не порасне барем дупло.
  2. 2.Во меѓувреме, макот прелијте го со врело млеко и оставете го да се олади. Додадете путерот, шеќер, ситно мелени бадеми или лешници, екстракт од ванила и со миксер изматете го филот.
  3. 3.Во друг сад, со миксер изматете ги белките па измешајте ги заедно со претходно подготвениот филот од мак.
  4. 4.На набрашнета површина, тестото исукајте го со дебелина од околу еден сантиметар. Површината на тестото премачкајте ја со филот од мак и тестото завиткајте го во ролат.
  5. 5.Тавата за печење намачкајте ја со путер или ставете хартија за печење, ставете го ролатот, премачкајте го со изматена јајце и оставете го ролатот да отстои околу 30 минути.
  6. 6.Печете го во загреана рерна на температура од 200 степени, околу 20 до 25 минути. Имајте добар апетит!