Интересен на вкус, супер декоративен ролат кој е одличен за послужување кога имате гости, ни препорача Вања кој ни го испрати овој рецепт. Добар апетит и пишете ни како ви се допадна.
Ролат со спанаќ
By January 22, 2014
Published:Интересен на вкус, супер декоративен ролат кој е одличен за послужување …
Ingredients
- 500 г спанаќ (кора од спанаќ)
- 100 г путер (кора од спанаќ)
- 80 г брашно (кора од спанаќ)
- 300 мл млеко (кора од спанаќ)
- 1 рамно наполнето лажиче сол (кора од спанаќ)
- 5 јајца (кора од спанаќ)
- малку бибер (кора од спанаќ)
- 200 г крем сирење (натурал или со вкус на печурки, шунка или зачини) (за фил)
- 150 г кисела павлака со висок процент на млечни масти (за фил)
- 200 г шунка (сечкана на коцки) (за фил)
- 3-4 кисели краставички (сечкани на коцки) (за фил)
- малку праз, пршута, печурки... ( по ваш избот) (за фил)
Instructions
- 1.Исчистениот и исплакнат спанаќ кратко динстајте го во зовриена вода во која има додадено малку сол и сода бикарбона.
- 2.Стопете го путерот и во него кратко пропржете го брашното, внимавајќи да не изгори. Додајте го спанаќот и млекото, повремено промешувајте и варете додека да се добие смеса густа како тесто за палачинки, па оставете да се олади.
- 3.Загрејте ја рерната нба 200 степени.
- 4.Во претходната меса додајте 5 жолчки изматени со вилушка и снег изматен од петте белки со малку сол. Промешајте со шпатула, па смесата префрлете ја во тава од шпоретот прекриена со хартија за печење. Печете околу 30 минути.
- 5.Веднаш по печењето, преку кората префрлете кујнска крпа малку попрскана со вода, превртете ја тавата, одстранете ја хартијата за печење,па кората заедно со крпата завиткајте ја во ролат. Нека стои додека да се олади, а за тоа време подгответе го филот.
- 6.Сите состојки за филот,измешајте ги заедно, по потреба досолете или додајте и други состојки по ваш избор па о него премачкајте ја кората од спанаќ и формирајте ролат.
- 7.Одозгора по желба украсете со кисела пабвлака, мајонез, рендано сирење....
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна