Оние кои го обожаваат вкусот на модриот патлиџан сигурно ќе им се допадне овој рецепт. Оние пак кои никогаш не ја пробале оваа комбинација им препорачуваме да го сторат тоа и да се уверат дека вкусот е исклучителен. Добар апетит.

Ролнички полнети со модар патлиџан

By Тетка Биберче Published: February 28, 2014

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 40 mins
  • Ready In: 60 mins

Оние кои го обожаваат вкусот на модриот патлиџан сигурно ќе им се допадне …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Брашното помешајте го заедно со јајцата и солта и месете се додека не добиете тврдо, жолто, изедначено тесто. Тестото оставете го малку да одмори се додека ги подготвувате останатите нешта.
  2. 2.Модриот патлиџан измијте го. Исечете го на крукчиња и печете ги на грил тава се додека не омекнат. Потоа исечкајте ги на коцки.
  3. 3.Пола од исечканите модри патлиџани измешајте ги со урдата. Зачинете со оригано, сол и црн пипер.
  4. 4.На истата тава, испечете ги пиперките. Оставете ги неколку минути во кеса за да се спурат, па потоа и излупете ги. Исечкајте ги на ситни парчиња
  5. 5.Пола од парчињата црвена пиперка ставете ги во блендер заедно со една шолја супа од коцка. Блендирајте се додека не добиете фин црвен сос.
  6. 6.Останатите сечкани модри патлиџани и пиперка измешајте ги заедно со на коцки исечканото сирење.
  7. 7.Тесто расукајте го и сечете го на правоаголници (12x15 см). На едниот крај, ставете лажица од филот со урда и модар патлиџан. Свиткајте го тестото, внимавајќи да не истече филот.
  8. 8.Секоја ролничка премачкајте ја со масло за готвење и печете ја врз грил тавата, од сите страни, се додека тестото не стане крцкаво.
  9. 9.Ролничките сервирајте ги во сосот од црвена пиперка заедно со сечканите модри патлиџани, пиперка и сирење. По желба, декорирајте со свеж босилок.Добар апетит!