Лесни питички со пилешко месо и босилек. Само набавете свежи тенки кори како за баклава и уживајте во крцкавиот вкус. Можете да ги послужите и како мезе и како главно јадење, а одлично одат со сос од павлака со малку мајонез, лукче и некое зачинче.

Ролнички со пилешко

By Гастронаутка Published: February 15, 2013

  • Prep: 20 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 40 mins

Лесни питички со пилешко месо и босилек. Само набавете свежи тенки кори …

Ingredients

Instructions

  1. исечкајте ги сите состојки1.Исечкајте го пилешкото месо на ситни коцки. Изрендајте го ѓумбирот на ситната страна од рендето и ситно исечкајте го или истолчете го лукот. Исечкајте ја пиперката на ситни коцки, а исто и босилекот.
  2. маринирајте го месото и оставете го да отстои2.Сите исечкани состојки, освен пилешкото ставете ги во подлабок сад. Додадете го буковецот, соја сосот, густинот и сок од 1/4 лимон и се добро измешајте. На крајот додадете го пилешкото и убаво измешајте за месото да се маринира. Зачинете со малку сол и оставете го месото во фрижидер да отстои барем 30 минути.
  3. запржете го филот3.Во подлабоко тавче загрејте малку масло и истурете ја смесата со пилешко да се запржи. Пржете на висока температура околу 5-7 минути со постојано мешање. На крајот, тргнете ја смесата да се олади, додадете го преостанатиот сок од лимон и уште малку сечкан босилек. Измешајте.
  4. премачкајте ја кората со масло и ставете од филот4.Извадете една кора, а останатите покријте ги со влажна крпа да не се сушат. Премачкајте ја кората со масло, свиткајте ги краевите по должина (околу 2 см), а потоа на средината ставете 1-2 лажици од смесата со пилешко.
  5. завиткајте ролничка од секоја кора5.Завиткајте ги страните за да не истече филот, а потоа замотајте ја кората во ролна. Повторете ја постапката со сите кори.
  6. премечкајте ги ролните со јајце и посипете со сусам6.Наредете ги во тавче, а потоа премачкајте ги со јајце изматено со една супена лажица вода. Посипете со сусам и печете на 200 степени околу 15-20 минути, или додека ролничките не добијат убава златна боја.