Гурмански спанаќ ролнички направени со пица тесто. Одлична здрава закуска, која можете да ја модификувате по ваша желба. Ние направивме вегетаријанска верзија, но ако вие сте голем миленик на месо можете да искористите шунка или некој друг тип на сувомеснато.
Спанаќ ролнички
By April 19, 2013
Published:Гурмански спанаќ ролнички направени со пица тесто. Одлична здрава …
Ingredients
- 270 г брашно
- 150 мл млеко
- 50 мл масло за готвење
- ½ коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка сол
- 500 г спанаќ (обарен и исечкан)
- 250 г урда
- 100 мл доматен сос
- малку сол, црн пипер, оригано
Instructions
1.Во подлабок сад ставете 50 мл млако млеко, додадете малку брашно и лажица шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне. Во друг сад ставете го остатокот од млекото, додадете брашно и масло за готвење и убаво измешајте. Кога ќе нарасне квасецот, додадете го и во смесата со брашно и измешајте. Оставете го малку да одмори.
2.Подгответе го филот. Во пластичен сад измешајте пола од урдата со обарениот спанаќ и додадете сол, црн пипер и оригано. Во друг сад остатокот од урдата помешајте ја со доматниот сос.
3.Пица тестото исукајте го во форма на правоаголник со дебелина од 3 до 4 милиметри. Одозгора сипете го филот со спанаќ, добро размачкајте го, па потоа сипете го и филот со доматниот сос.
4.Свиткајте го тестото во форма на ролат и пресечете го со дебелина од 3 до 4 сантиметри.
5.Печете во загреана рерна на 220 степени околу 15 минути се додека не добиете златно кафена боја. Сервирајте ги ролничките со вашиот омилен сос.