Овој рецепт е навистина едноставен за правење, а единствениот проблем ќе ви биде да го одвоите зајачкото месо од коските во доволно големи парчиња. Ако се решите да го пробате, а гарантирано нема да зажалите :), можете на интернет да погледате како најлесно да го исечете месото. Потоа можете само да се опуштите и да уживате во вкусот!
Роловано зајачко со суво овошје
By February 18, 2014
Published:Овој рецепт е навистина едноставен за правење, а единствениот проблем ќе …
Ingredients
- 1 зајак (2-2,5 кг)
- 150 г сланина (исечкана на тенки листови)
- 1 кромид (исечкан на полукругови)
- 2-3 чешниња лук (ситно исечкани)
- 100 г суви сливи
- 100 г суви кајсии
- 100 г суви смокви
- 1 портокал
- сол и црн пипер (по вкус)
- малку масло за готвење
Instructions
- 1.Измијте го зајакот, отстранете ја главата, а потоа одвојте го месото од коските и обидете се да добиете што поголеми парчиња месо.
2.Парчињата малку исчукајте ги како шницли, а потоа наредете ги во форма на правоаголник врз поголемо парче алуминиумска фолија.
3.Посолете и зачинете со црн пипер по вкус, а потоа наредете ги парчињата сланина така да ја покријат целата површина на месото.
4.Во средината распоредете го исечканиот кромид (оставете околу 1/3 настрана) и лукот.
5.Со фолијата внимателно завиткајте го ролатот и подврзете убаво со конец за печење на повеќе места за да може ролатот да ја задржи формата.
6.Префрлете го ролатот во тавчето за печење, а потоа внимателно искинете и отстранете ја фолијата парче по парче за да остане конецот и да се задржи формата. Зацврстете со чепкалки на неколку места.
7.Околу ролатот распоредете го преостанатиот кромид и сувото овошје, и додадете го излупениот портокал исечен на половина.
- 8.Испрскајте го месото со малку масло одозгора и сипете во тавата вода (да го покрие дното со околу 1,5 см вода).
9.Покријте ја тавата со алуминиумска фолија или капак и печете на 200 степени околу 2 часа. Кога месото че омекне, тргнете ја фолијата и печете уште десетина минути да добие убава боја.
10.Оставете го месото добро да се олади, а потоа исечете го на тенки парчиња.
- 11.Овошјето преостанато во тавата (освен портокалот), малку загрејте го, а потоа префрлете го блендер и убаво измиксајте. Додадете малку вода и сол по вкус и ќе добиете одличен сос за печењето. Пријатен ручек!
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна