Типичен италијански специјалитет познат како страмболи, направен од ролувано пица тесто наполнето со различни типови на сирење и месо. Ние употребивме колбаси, кулен, кашкавал и зелени пиперки, а вие слободно можете да експериментирате со филот. Направете нешто по ваша желба.
Ролувана пица со колбаси
By September 14, 2012
Published:Типичен италијански специјалитет познат како страмболи, направен од …
Ingredients
- 270 г брашно
- 150 мл млеко
- 50 мл масло за готвење
- ½ коцка свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- ½ лажичка сол
- 2 колбаси
- 150 мл доматен сос
- 2-3 зелени пиперки (исечкани)
- 150 г кулен (тенко сечкан)
- 150 г кашкавал (тенко сечкан)
- малку сол, црн пипер
- малку маслиново масло
Instructions
1.Во подлабок сад ставете 50 мл млако млеко, додадете малку брашно и шеќер, издробете го квасецот и оставете го да нарасне. Во друг сад ставете го остатокот од млекото, додадете брашно и масло за готвење и убаво измешајте. Кога ќе нарасне квасецот, додадете го и во смесата со брашно и измешајте. Оставете го малку да одмори.
2.Колбасицата исечкајте ја на ситни парченца и запржете ја на оган неколку неколку минути. Тестото поделете ги на два дела. Расукајте го и одозгора ставете од доматниот сос, сечканата запржена колбасица, ставете ред кашкавал и кулен.
3.При нанесување на сите состојки врз тестото, водете сметка да краевите на останат празни. Нив намачкајте ги со маслиново масло и тестото завиткајте го во ролна.
4.Рерната загрејте ја на 220 степени. Тестото префрлете го на плех за печење (на кој претходно сте ставиле мрсна хартија за печење), со нож засечете го и намачкајте го со маслиново масло. Печете околу 25 минути или се додека не добиете крскаво тесто со златна боја.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Средна