Надалеку познатата ротквица е древна и високо ценета култура која се употребува повеќе од 3000 години. Нејзиното латинско име Raphanus sativus во буквален превод значи култивирана зелка. Во времето на Римјаните, работниците добивале ротквици како плата, а на египетските робови им биле дел од секојдневната исхрана. Старите Грци, пак, толку многу ги обожувале што ги принесувале како подароци на своите богови.

Во средниот век, доброто име на ротквиците било загрозено и тие добиле негативно значење, а луѓето започнале да ги сметаат за симбол на кавги и проблеми. Денес, ротквиците се еден од најпопуларните зеленчуци во светот.

Лековитост и нутритивен состав

Во сто грама ротквици има само 16 калории, но и изобилство на минерали и витамини. Ротквиците се добар извор на бакар, манган, калиум, витамин Ц, К и Б6. Во помали количини во ротквиците можат да се најдат и калциум, железо, фосфор, цинк и натриум.

Ротквицата има силни антибактериски својства. Помага кај болестите на дишните патишта, а особено кај кашлицата и астмата. Исклучително е добра за луѓе кои имаат проблеми со жолчката и црниот дроб. Исто така, ротквицата (не само плодот, туку и листовите) е одличен лек за жолтица, бидејќи го нормализира производството на билирубини. Ротквицата помага и при создавањето на црвени крвни клетки бидејќи го подобрува нивното снабдување со кислород.

Нејзините детоксични својства, изобилството на витамин Ц, фолна киселина и антоцијанини помагаат во лечењето на неколку видови рак, особено рак на дебелото црево, бубрези, желудник и грло.

Ако пак сакате даја намалите телесната тежина, тогаш ротквицата е исто така одличен избор поради нејзината ниска калорична вредност, лесната сварливост во организмот и изобилството на влакна и вода кои создаваат подолготрајно чувство на ситост.

Одличен ефект кај кожните болести

Благодарение на лековитите состојки во ротквицата, таа е одличен лек за витилиго. Можете сами да си го приготвите лекот на тој начин што 35-50 г семе од ротквици ќе го сомелете во блендер заедно со 2 супени лажици оцет или сок од ѓумбир. Оваа смеса се нанесува на оболеното место 2 пати во денот. Кога редовно се применува, оваа смеса делува на обновувањето на меланинот што придонесува за враќање на нормалната боја на кожата. За најдобар резултат, би требало да ја користите оваа смеса најмалку 6 месеци и тоа секогаш свежо приготвена.

Инаку, поради витамините Ц и Б кои ги има во ротквицата, таа е применлива и во лечењето на други проблеми со кожата. Така, маската направена од изгмечени (сомелени) плодови е одлично средство за чистење и хидратизирање на лицето. Можете да направите и маска од лисјата на ротквицата така што ќе изгмечите во блендер заедно со малку вода.

Сок од ротквици за подобро варење

Сокот од ротквици е стар народен лек за подобро варење. Помага при запек и кај отежнатото варење на јаглехидратите. За најдобар резултат, сокот од ротквица би требао да се пие пред секој оброк. Понатаму, сокот од ротквици исто така помага и за нормализирање на работата на мочниот меур и ги ублажува хемороидите.

Како природен диуретик, таа го отстранува вишокот на течности од организмот. Ги ублажува болките и печењето при мокрење, ги чисти бубрезите и го намаува ризикот од запаленија на уринарниот систем.

Но внимавајте, ротквицата не се препорачува на лица кои имаат воспаленија на желудникот, цревата, чир на желудник, или пак на лица кои страдаат од болести на бубрезите.

Ротквицата во кујната

Ротквицата има специфичен лут вкус. Одлична е за подготовка на различни салати, а може и да се пржи и да се додава во сосови коисе базираат на млечни производ. Од лисјата на ротквицата можат да се подготвуваат различни супи и прилози (користете ги исто како и спанаќот).