Рецепт изваден од прашливиот нотес на баба. Десерт кој ме врати многу години наназад кога задолжително ми тераа мерак со неколку парчиња ружици. Зошто тогаш и вие да не се потсети на овој вкус и да го пренесете на следните генерации!
Ружици
By February 28, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 1 hr 30 mins
Рецепт изваден од прашливиот нотес на баба. Десерт кој ме врати многу …
Ingredients
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- 240 мл масло за готвење
- 240 мл млеко (млако)
- 1 пакетче сув квасец
- 1 пакетче прашок за пециво
- 500 г брашно
- 1-2 лажички какао во прав
- 1 кг шеќер (за шербет)
- 500 мл вода (за шербет)
Instructions
1.Јајцата измешајте ги со шеќерот. Додадете млеко и масло за готвење и добро изматете. Брашното измешајте го со сувиот квасец и прашокот за пециво и додадете го во смесата.
2.Месете се додека не добиете хомогена и мазна смеса, тесто кое не е премногу тврдо. Поделете го на два дела.
3.Во едниот дел од тестото додадете какао во прав и добро измесете го.
4.На набрашнета површина, белото тесто исукајте го тенко и во форма на правоаголник.
5.И црното тесто исукајте го со иста големина како и белото тесто.
6.Тестата ставете ги едно врз друго и од нив формирајте ролат.
7.Исечете го ролатот на тенки парчиња.
8.Тавата за печење намачкајте ја со масло за готвење. Ружиците наредете го со поголемо растојание и оставете ги околу 45 минути да отстојат и малку да нараснат.
9.Печете на 190 степени, околу 15 мунити или се додека малку не потемнат.
10.Сварете 500 мл вода и додадете го шеќерот. Варете го околу 7-8 минути, додадете малку лимон и истурете го врз малку подоладените ружици.
11.Оставете ружици целосно да го упијат шербетот и да се оладат, па сервирајте ги. Добар апетит!
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна