Од пред некое време се занимавам со мислата како да растеретам малку простор во кујната, или во превод, трошам еден куп време во проценка на корисноста на секој сад или алатка што ја имам дома со цел нели, да одлучам што да исфрлам а што да задржам. И што да ви кажам, никако не ми оди тоа исфрлањето. Не знам дали е само до одредена група на луѓе (вакви како мене) или се работи за некаков си македонски синдром, ама знам дека се што еднаш ќе влезе во куќава, тешко и тоа многу тешкооооо излегува. Со други зборови, ништо никогаш под никакви услови не фрлам (освен се разбира ако не е скршено или расипано до бесвест). И затоа што ништо не фрлам (се си викам, ааа ова може некогаш ќе се најде) еден ден ќе се разбудам натрупана со секакви глупости и нема да знам кај ми е крајот.

Туку да се вратам на приказната, ми текна дека можам да направам малку место ако користам комбинирачки алатки од типот нож што е истовремено вилушка или вилушка што е истовремено лажица и слично. Мотивирана максимално од таквата идеја, тргнав да си барам комбинации и првото нешто што го најдов беше овој сад за мерење (апсолутно не можам да зготвам скоро па ништо без таков) кој истовремено е и вага, и тоа дигитална. Супер, што да ви кажувам! Сега само треба да се натерам да ги исфрлам старите два вакви сада за мерење, едната обична и едната електронска вага што веќе ги имам. Уф, што место ќе ми се направи!!!

Садов/вага инаку можете да си го нарачате на овој линк!