Вчера имав гости да ви кажам, и тоа за вечера. Во превод, се здробив од работа три дена и практично од кујна не излегов, освен во оние моменти кога чистев по дома, бидејќи нели, не може да дочекаш гости во валкана куќа. И така ви велам, три дена шпоретот не го изгасив, кичмата ми врискаше буквално секој момент и изгледав како запустен марсовец. Ама стигнав да направам се што планирав (три типа на предјадење, два типа на тесто, 2 крем салати, една свежа салата, главно јадење, и 4 различни видови на колачи). Плус, успеав да ја доведам куќата во пристојна состојба, без притоа да си ги попречам домашните во нивните редовни и важни активности како гледање телевизија, читање весник и играње на компјутер. Е па алал да ми е!

И така јас, насмеана, свежа и средена си ги дочекувам гостите, ги сместувам на маса и очекувам да паднат во несвест кога ќе видат што се сум подготвила. Арно ама, наместо да добијам аплаузи и стоечки овации за трудот (сосема заслужено!!!), добивам прашања од типот: ’Леле ама е добра зделава!’, “Боже, колку супер изгледа садот за салата!“, “Значи, нема дилема, ќе поставиш еден добар сад на масата, и веднаш се изгледа поинаку!“, “Туку, од каде ја купи зделава?“, “Има ли други бои?“ …и така до бескрај!

Додуша, садот за салата навистина ми е нов (:)), и изгледа прекрасно, и навистина ја менува комплетно трпезата, ама па можеа барем два-три збора да кажат и за тоа што беше сервирано во него! Жими се, ќе се задоволев и со мала пофалба на свежата салата, ако не друго….

Ете, ви кажувам и на вас, како што им кажав и на моите драги гости: садот за салата си го купив во Карес (па каде на друго место???), и го има во различни бои и супер е! И можете да бидете сигурни дека е доволно само него да го ставите на маса во случај некој да ви се најави на вечера! Наполнете го со чипс или смоки, ако баш не ви се сечка зеленчук за салата и уживајте во пофалбите!!!!