Се сеќавате ли кога ви кажував за специјалните садови за варење на јајца? Супер згодна работа, ама зошто да се задржите замо на тоа кога можете вие и многу повеќе? Еве на пример, кога последен пат сте направиле поширани јајца? Всушност, дали некогаш воопшто сте направиле?

Немојте да ми се лутите што прашувам, ама ниедна од моите пријателки на пример не прави вакви јајца. Си направив, нели, една мини анкета и открив дека поширани јајца кај нас се прават …. ама баш никогаш. Си прашав, па добро во што е проблемот, зошто никој не ги прави? Одговорите беа од типот….па што знам (брррр!), врска немам, некако сложено ми изгледа, којзнае каков е вкусот, не сум сигурна дека домашниве ќе ги јадат и така натаму, и така натаму, до бесконечност!

Да ви кажам искрено, заклучив дека на никој не му се експериментира, бидејќи правењето е сложено!!! Арно ама не е така бе драги мои. Па погледнете ги само овие екстра садчиња за брзо, просто и лесно правење на поширани јајца! Купете си барем две-три (ќе ги најдете тука), и пробајте нешто ново!

Сад за поширање

Сад за поширање