Уште еден одличен концепт дизајн дело на шведскиот артист Måns Salomonsen.  Освен што изгледа одлично ова мало уметничко дело наречено Cocoon има двојна намена.  Овој сад истовремено можете да го употребувате како саксија за омилениот зачин кој најчесто го користите и како место во кој ќе ја чувате вашата дневна доза на свежо овошје.

Cocoon e изработен од глина, со вешто стилизирани линии, кој покрај корисноста има висока естетска вредност. Идеја која можеби ќе ве мотивира да нарачате нешто слично од  нашите прочуени грнчари.