Постојат разни видови на грав кои меѓу себе се разликуваат по боја, по големина и форма. Еден од помалку познатите кај нас ецрниот грав. Познат е уште како Preto, Black Turtle, Frijol negro, Feijao preto и е важен додаток во многу национални кујни, особено латин- американската кујна. Гравот е главен извор на протеини кои се важни за човечкиот организам, особено за оние кои малку или воопшто не консумираат месо како вегетаријанците. Гравот е богат и со витамините од групата на В, каротин, витамин РР, содржи голем број микро и макро елементи, но е богат и со прехранбени влакна, скроб. Токму затоа особено се препорачува за заболени од дијабетес,  реума, гастрит, колит, заболувања на белите дробови, туберкулоза. Се на се, многу здрав прехранбен артикал.

Денес салата ја подготвив со не сосема „црн грав“ но барем е многу темен и е сличен на него и што е многу важно може да се најде на нашите пазари. Истиот рецепт може да се подготви и со било кој друг вид грав.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

 

Салата од црн грав

By Мама Лиле Published: October 25, 2013

    Постојат разни видови на грав кои меѓу себе се разликуваат по боја, по …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Пожелно е, преку ноќ гравот да се кисне во вода во која е додадено 1 лажиче сода бикарбона. Следното утро, водата во која киснел гравот се истура, гравот добро се мие, се залева со двојно повеќе ладна вода и се става на оган да се вари. Откако водата зоврела, се намалува огнот и се остава гравот да се вари уште 1-2 саати на тивко. Кога се вари на тивко помали се шансите да се издвојат лушпите. По кратко време водата во која се вари гравот ќе потемни што и не е за изненадување затоа што самиот грав има таква боја. Гравот се вари додека зрната омекнат но при тоа тие не треба да се раскашават. Се вели, гравот треба да биде сварен „ал денете“.
    2. 2.Откако гравот е сварен, водата се цеди, таа повеќе не е потребна.
    3. 3.Во садот во кој ќе се префрли сварениот грав се прави маринадата, се става масло (се препорачува маслиново), сол, оцет, исечкан лук и сенфот (се по сопствен вкус), се додаваат и зачините, и добро се меша.
    4. 4.Во вака подготвената маринада се истура исцедениот и врел грав. Нагласувам врел затоа што додека е врел, зрната ќе ги впијат маслото, оцетот и сите зачини и ќе навлезат во внатрешноста на зрното.
    5. 5.Добро се меша и се остава малку да се олади и дури потоа се додаваат исечканиот кромид, краставицата и јајцата, а ако сте љубител на рокула тогаш се става и таа.
    6. 6.Повторно добро се меша и се разбира, пред да се сервира се зачинува со сол и црн пипер по желба. Пријатно!