Гриловани тиквички со додаток сирење и кашкавал. Предходно добро измаринирани со оцет балсамико, лукче и маслиново масло. Едноставно, вкусно италијанско рецептче за приготвување на летна салата. Прсти да излижеш. Мјами :)

Тиквички на италијански начин

By Гастронаут Published: May 19, 2014

    Гриловани тиквички со додаток сирење и кашкавал. Предходно добро …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Иситнете го белиот лук, додадете оцет балсамико, маслиново масло, зачини и малку рендана кора од лином. Добро промешајте.
    2. 2.Тиквичките исечете ги по должина на тенки парчиња. Потоа ставете ги во маринадата, да одстојат најмалку пет часа.
    3. 3.Откако убаво ќе се измаринираат, секое тиквиче печете го во грил тава неколку минути додека добро не порумени.
    4. 4.Тиквичките ставете ги во чинија, одозгора ставете коцкички фета сирење и изрендан кашаквал. Можете да декорирате со свежо ливче нане или ситно исечкан магданос.