Ова е една лесна и освежителна варијанта на салата со тестенини и прелив од мајонез, а се прави за само десетина минути. Одлична е!
Салата со макарони
By August 6, 2012
Published:Ова е една лесна и освежителна варијанта на салата со тестенини и прелив …
Ingredients
- 500 г макарони
- 3 црвени печени пиперки
- 100 г црни маслинки (исечкани)
- 6-7 кисели краставички (исечкани)
- 3 млади кромидчиња (исечкани)
- 100 г мајонез (или повеќе по желба)
- 1 супена лажица вински оцет
- 2-3 кафени лажички шеќер
- сол (по вкус)
- црн пипер (по вкус)
Instructions
- 1.Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Печените пиперки, краставичките, кромитчињата и маслинките исечкајте ги ситно.
- 2.Во подлабок сад направете го преливот со мешање на мајонезот, оцетот и шеќерот. За вкусот ставете и 1-2 лажици од течноста во која биле краставичките. По потреба додадете малку млеко за да преливот стане доволно течен. Зачинете го со сол и доста црн пипер, а потоа прелијте ги макароните и измешајте.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна