Ако го сакате песто сосот, тогаш сигурно ќе уживате во оваа малку поинаква компир салата. Одлична е како предјадење, а богами и како додаток на главно јадење (и супер оди со чаша изладено бело винце). Пријатен апетит!
Салата со млади компири и песто
By May 23, 2014
Published:Ако го сакате песто сосот, тогаш сигурно ќе уживате во оваа малку …
Ingredients
- 700-750 гр млади компири (помали)
- 2 лимони (исцедени)
- 3 супени лажици маслиново масло
- 110 гр мајонез
- 1 супена лажица песто сос
- 50 гр излупени бадеми
- неколку ливчиња свеж босилек
- малку сол
- малку црн пипер
Instructions
- 1.Добро измијте ги компирчињата (не ги лупете), а потоа ставете ги да се варат во вода со малку сол. Кога ќе се сварат, пресечете ги на половинки и оставете ги во подлабок сад да се оладат.
- 2.Во посебен сад измешајте ги добро маслиновото масло, мајонезот, сокот од лимон и песто сосот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
- 3.Ислупените бадеми исечкајте ги на покрупни парчиња, а потоа запржете ги во тавче без масло додека не ја сменат бојата. Кога ќе се оладат додадете ги во сосот и промешајте.
- 4.Прелијте ги оладените компири со сосот и измешајте. Покријте го садот со пластична фолија и оставете ја салатата да отстои барем 2 часа во фрижидерот пред да ја послужите. Декорирајте со неколку ливчиња свеж босилек.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна