Малку морковчиња, малку ротквици, малку зачинчиња. За неполни десетина минути ќе направите совршена салата, која особено ќе им се допадне на оние кои бројат калории и внимаваат на својата линија. Бон апетит.

Салата со моркови и ротквици

By Гастронаут Published: July 10, 2012

    Малку морковчиња, малку ротквици, малку зачинчиња. За неполни десетина …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Морковите и ротквиците исечете ги тенко на кругчиња.
    2. 2.Во мал сад направете дресинг (сосче). Ставете ги зачините, мајонезот, оцетот и медот. Добро измешајте.
    3. 3.Исечканите моркови и ротквици убаво измешајте ги со дресингот.
    4. 4.Оладете ја салатата еден час во фрижидер, а потоа сервирајте ја во фина декоративна чинија. Уживајте.