Гурманска салата, супер во комбинација со скара и пијалок. По можност ладна ракија. Ви фали уште добро друштво или фамилијата за целосно уживање.
Салата со печени пиперки
By July 12, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 40 mins
- Ready In: 2 hrs 50 mins
Гурманска салата, супер во комбинација со скара и пијалок. По можност …
Ingredients
- 4-5 пиперки
- 2-3 лажици маслинки
- 2-3 лажици капари
- малку магдонос
- малку маслиново масло
- малку сол, црн пипер
- 1 главица лук (по желба)
Instructions
1.Пиперките измијте ги, ставете ги во плех за печење, сипете малку масло и печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 30-45 минути, притоа вртејќи ги. Испечени, ставете ги во кеса и оставете ги да се спурат. Излупете ги и исечкајте ги.
2.Отсранете ги семките на маслинките и исечкајте ги.
3.Во сад, со капак, измешајте го пиперките, маслинките и капарито. Ставете маслиново масло, посолете, запиперете и наросете сечкан магдонос. Салатата затвоерет ја и оставете ја во фрижидер барем неколку часа.
4.Пред сервирање, по желба, ставете малку ситно сечкан лук. Добар апетит!
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна