Иако е ова класична салата, додатокот на пилешко месо ја прави доста побогата, па може одлично да послужи и како лесен ручек во овие топли денови.
Салата со пилешко месо
By August 3, 2013
Published:Иако е ова класична салата, додатокот на пилешко месо ја прави доста …
Ingredients
- 300-400 гр пилешко бело месо
- 1 главица зелена салата
- 1 главица кромид
- 1 домат (поголем)
- неколку црни маслинки
- 50 гр пармезан (или парче кашкавал)
- 1 супена лажица ситно сечкани ореви
- малку сол
- малку маслиново масло
- малку оцет
- малку крокети (по желба) (или лепче печено во тостер)
Instructions
- 1.Пилешките стекови посолете ги, намачкајте ги со многу малку масло и кратко запржете ги во грил тавче (околу 5 минути од секоја страна) без додадток на друго масло.
- 2.Во подлабок сад издробете ја зелената салата, додадете го кромидот исечкан на мали коцки, доматот исечкан на помали парчиња, маслинките (цели или исечкани, по желба) и оревите.
- 3.Зачинете со сол, маслиново масло и оцет и убаво промешајте.
- 4.Поделете ја салатата во чинии за послужување, одозгора ставете по неколку ленти од пилешкото месо и посипете со пармезан или неколку паченца кашкавал.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна