Салата која заменува цел оброк. Тестенина по желба, брокула, зачини и за кратко на вашата маса ќе имате и вкусен и здрав оброк. Салата која одлично одговара со чаша бело вино. Добар апетит.
Салата со тестенини и брокула
By March 15, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 10 mins
- Ready In: 20 mins
Салата која заменува цел оброк. Тестенина по желба, брокула, зачини и за …
Ingredients
- 300 г тестенина по желба
- 1 средна по големина брокула
- 150 г кравјо сирење
- 3 чешниња лук
- малку маслиново масло
- малку рендана кора од лимон
- сол, црн пипер
Instructions
1.По поголем сад ставете вода. Почекајте да зоврие, а потоа ставете ја брокулата. Обарете ја неколку минути. Потоа префлете ја брокулата во сад со ладна вода.
- 2.Во истиот сад во кој ја обаривте брокулата, сварете ја тестенината според успатсвото на кесичката. Додека ја варите тестенина во тавче на малку маслиново масло пропржете го ситно исечканото лукче.
- 3.Додадете ја брокулата и таа малку испржете ја. Тестенината исцедете ја префлете ја во сад ставете ја брокулата, зачинете со сос и црн пипер, додадете кора од лимон.
- 4.Одозгора грубо издробете парчиња сирење. За дополнување на вкусно можете да исцедете лимонов сок. Добар апетит.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Варење
- Skill Level: Едноставна