Се води како салата, но ова е прекрасно летно јадење. Ако го сакате мирисот и вкусот на лук, овој начин на подготовка сигурно ќе ви се допадне.
Салата со тестенини и печен лук
By June 26, 2012
Published:Се води како салата, но ова е прекрасно летно јадење. Ако го сакате …
Ingredients
- 500 гр тестенина по желба
- 50 гр младо сирење или рикота
- 3 главици лук (помали)
- 100 мл јогурт
- 1 кафена лажичка сол
- малку црн пипер
- 400-500 гр домати (4-5)
- 100 гр црни маслинки
- 2 супени лажици свеж босилок (ситно исечкан)
- малку маслиново масло
Instructions
- 1.Загрејте ја рерната на 200 степени. На главиците лук отсечете им ги врвовите (како кога се лупи кромид), а потоа ставете ги во парче алуминиумска фолија, попрскајте ги со малку масло, и убаво затворете ја фолијата како пакетче. Ставете ја фолијата во тавче и печете околу 40-50 минути или додека лукот сосема не омекне.
- 2.Сварете ја тестенината според упатството на пакетчето. Потоа исцедете ја убаво, префрлете ја во подлабок сад и попрскајте ја со малку маслиново масло. Оставете ја убаво да се олади.
- 3.Во меѓувреме, со миксер или во блендер измешајте го сирењето со јогуртот додека не се соединат, а потоа додадете го целиот печен лук (само притиснете меѓу прстите, и лукчето само ќе излезе од лушпата). Повторно убаво измешајте, а потоа зачинете со сол и црн пипер по желба.
- 4.Доматите и маслинките исечкајте ги на парчиња. Врз оладената паста истурете ја смесата со јогурт, сирење и лук, потоа додадете ги доматите, маслинките и босилекот и се убаво измешајте.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна