Кремаст десерт кој кога ви е пред очи и имате лажичка во рака е многу тешко да му се каже не, денес сум на диета. Затоа дозволете си слатко уживање, пригответе си домашна шампита и бидете колегијални, поканете ги пријатели на благичко и кафе.

Шампита

By Тетка Биберче Published: December 6, 2012

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 12 mins
  • Ready In: 37 mins

Кремаст десерт кој кога ви е пред очи и имате лажичка во рака е многу …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Лиснатото тесто оставете го на собна температура да омекне. Потоа расукајте го со дебелина од пола сантиметар.
  2. 2.Со нож исечете ги краевите на тестото за да добиете убав правоаголник и со виљушка прободете го за да не нарасне при печење.
  3. 3.И другата кора исукајте ја и двете ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 12 до 13 минути или се додека не добијат кафено -златна боја.
  4. 4.На оган, во сад на пареа, ставете ги белките и матете ги со метална маталка. Постепено додавајте го шеќерот и матете се додека не се растопи (процес на пастеризација на белката).
  5. 5.Тргнете ги белките од оган и со миксер матете се додека не добиете густ и цврст шлаг. Постепено додавајте од исцедениот сок од лимон.
  6. 6.Шлаг распоредете го врз едната кора. Со нож наквасен во вода израмнете ја површината и одозгора ставете ја втората лисната кора (Најдобро е пред да ја ставите втората кора да ја исечете на коцки).
  7. 7.Ставете ја во фрижидер за да се стегне. Одозгора наросете шеќер во прав и оставете ја шампитата барем неколку часа во фрижидер да отстои пред да сервирате.