Мама Лиле секогаш не изненадува со интересни, малку необични, но совршено вкусни како и декоративни колачиња. Денеска ни подготви шарен колач, со интензивна жолто и црна боја и доминантен вкус на чоколадо. Ние го оценивме со петка, сега на вас е редот… 🙂
Шарен колач
By December 7, 2012
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 45 mins
- Ready In: 60 mins
Мама Лиле секогаш не изненадува со интересни, малку необични, но совршено …
Ingredients
- 125 г брашно (состојки за темно тесто)
- 190 г путер
- 200 г шеќер
- 2 јајца
- 45 г какао во прав
- 1 лажичка прашок за пециво
- 250 г урда (несолена) или рикота (состојки за жолт фил)
- 50 г шеќер
- 1 јајце
Instructions
1.Во пластичен сад измешајте го брашното, какаото, прашокот за пецивото и добро просејте го за да се хомогенизира.
2.Во друг сад изматете го путерот со шеќерот и откако е изматено додавајте ги јајцата едно по едно. Откако е добро изматено, полека се додавајте од смесата со брашно.
3.Настрана урдата изматете ја со јајцата и шеќерот кое заради јајцето ќе стане жолто. Доколку урдата е со грутчиња тогаш се препорачува да се помине низ сито, односно метална цедалка за да се иситнат грутчињата.
4.Откако се добиени двете теста, четвртестото тавче се обложува со хартија за печење и на дното се нанесува еден слој од темното тесто. Потоа, врз него, со помош на лажица се става од белото (жолтото) тесто, некаде повеќе, некаде помалку, а потоа и останатиот дел од темното тесто.
5.Површината се израмнува и се става во загреана рерна на 180 степени да се пече, најмалку 45 минути, но за да се биде сигурен дека е испечено се проверува со дрвена чепкалка. Колачот се вади од рерната, се остава да се олади и се сервира.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна