И шарено и брзо. И вкусно и здраво…… Оваа домашна пита со спанаќ ќе ги задоволи апетитите на сите во вашата фамилија…. Само внимавајте да не ви се најават и комшиите бидејќи дозата е фамилијарна :).
Шарена брза пита
By August 11, 2013
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 1 hr 20 mins
И шарено и брзо. И вкусно и здраво...... Оваа домашна пита со спанаќ ќе ги …
Ingredients
- 400 г брашно
- 1/2 коцка свеж квасец
- 50 мл масло за готвење
- 300 г сирење (издробено)
- 300 г спанаќ (обарен и ситно исечкан)
- 70 мл млеко
- 150 мл кисела вода
- 80 г маргарин (за премачкување)
- малку сол, црн пипер
Instructions
- 1.Во сад измешајте го брашното заедно со додаваме квасецот и малку сол. Додадете го исечканиот спанаќ, киселата вода, млекото и маслото. Месиете се додека не добиете фино тесто.
- 2.Оставете го да одмори барем половина час.
- 3.На анбрашнета површина, тестото пресечете го на 10 еднакви дела.
- 4.Од секое парче формирајте топче. Од секое топче, со сукало, развлечете кора. Кората премачкувајте ја со растопен маргарин.
- 5.Врз кората нанесете од дробено сирење. Врз сирењето ставете ја втората кора.
- 6.Постапката повторете ја со сите топчиња тесто, а последната кора намачкајте ја само со маргарин.
- 7.Од целото тесто, со сукало, развлечете една поголема кора.
- 8.Тава за печење попрскувајте ја со растопен маргарин и ставете ја питата во неа. По желба, наросете со сусам и ким.
- 9.Печете 30 минути на температура од 200 степени. Добар апетит.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна