Нашиот нов хит. Шарени бакнежи кои се топат во уста. Десертче мало по обем, но со префинет вкус. За мераклиите препорачана доза -дупла. За да нема тепање и несогласување по дома. Добар апетит.

Шарени бакнежи

By Тетка Биберче Published: February 14, 2013

  • Prep: 15 mins
  • Cook: 15 mins
  • Ready In: 60 mins

Нашиот нов хит. Шарени бакнежи кои се топат во уста. Десертче мало по обем, …

Ingredients

Instructions

  1. Подготовка на тестото1.Во сад, со помош на миксер, изматете го путерот заедно со шеќерот. Откако ќе добиете фина смеса додадете една белка и екстракт од ванила, повторно изматете и додадете брашно и прстофат сол.
  2. Готово тесто2.Со раце, од тестото формирајте топка, покријте ја со растеглива проѕирана фолија и оставете го тестото во фрижидер барем половина час.
  3. 24 топчиња3.Поделете го тестото на 24 парчиња и од секое парче формирајте мало топче.
  4. Вдлабнување4.Секое топче малку сплескајте го и притиснете го во средината со прст и слично (јас користев стаклен затворач за вино) за да направите вдлабнатина која покасно ќе ја наполните со џем.
  5. Испечени шарени бакнеж5.Загрејте ја рерната на 190 степени и печете ги околу 12 до 15 минути. На пола печење, бидејќи вдлабнатината ќе се намали, повторно притиснете ги во средина.
  6. Грицнато колаче6.Испечени, посипете ги најпрвин со шеќер во прав, па потоа наполнете ги со џем или чоколаден крем.