Популарните „џинџербредс“ колачиња најновиот деликатес од кујната на Мигусто. Благодарение на производите на Виталиа ги подготвивме специјално за вас и се надеваме ќе ве инспирираат и вие да ја покажете вашата кулинарска креативност. Играјте си со формите и боите. Засукајте ракави, верувајте резултатот ќе ве импресионира.
Шарени колачиња со ѓумбир
By December 3, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 30 mins
- Ready In: 60 mins
Популарните „џинџербредс“ колачиња најновиот деликатес од кујната на …
Ingredients
- 450 г брашно
- 200 г путер (омекнат)
- 2 јајца
- 100 г кафеав шеќер (од „Виталиа“)
- 60 г нерафиниран темно кафеав шеќер (од „Виталиа“)
- 1 голема лажица мелен ѓумбир (од „Виталиа“)
- ½ лажица цимет
- 1 лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка сол
- 1 белка (за декорација)
- 150-200 г шеќер во прав (за декорација)
- ½ лажичка густин
- 1 лажичка сок од лимон
- боја за готвење
Instructions
1.Во здела за мешање ставете го брашното, солта, содата бикарбоната, шеќерот (кафеав и темно кафеав) како и омекнатиот путер.
2.Смесата добро замешајте ја па потоа додадете ги јајцата, циметот и ѓумбирот и мешајте со миксер се додека добро не се соединат сите состојки.
3.Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да стои во фрижидер најмалку еден час (а може и преку ноќ).
4.Откако добро ќе се олади смесата, на малку набрашнета површина, тестото се расукува и со помош на модли се вадат форми.
5.Се редат во тавче од рерна не многу залепени едно до друго бидејќи малку нараснуваат во текот на печењето.
6.Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 8 до 10 минути (или малку помалку, во зависност од рерната). При печењето треба да се внимава бидејќи не смеат да се препечат.
7.Белката изматете ја со маталка, додадете 60 г шеќер во прав, ½ лажичка густин и лажичка сок од лимон. За пастеризација, малку изматената белката ставете ја во микробранова печка (околу 35-40 сек.)
8.Потоа додадете онолку шеќер во прав колку за да добиете густа смеса со која ќе ги декорирате колачињата. Со кујнски шприц декорирајте ги колачињата.
9.Доколку сакате да ви бидат шарени како нашите, во дел од белиот фил, ставете боја за готвење и бидете креативни.
- Cuisine: Десерт
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна