Ммммм…вкусно и освежително. Идеално за сите љубители на јагоди, а богами и за сите останати. Немојте да се двоумите дали да ја направите оваа торта или не, иако цената на јагодите оваа година никако да падне :).
Шарлота со јагоди
By June 18, 2012
Published:Ммммм...вкусно и освежително. Идеално за сите љубители на јагоди, а богами …
Ingredients
- 400 гр пишкоти
- 400 гр свежи јагоди
- 250 мл млеко
- 200 мл слатка павлака
- 5 супени лажици рум
- 1 рендана кора од лимон
- 150 гр шеќер во прав
- 800 цврст јогурт или кисела павлака
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 кесички желатин во прав
- 10 супени лажици вода
- малку путер (за подмачкување на калапот)
Instructions
- 1.Во округол калап за торта (дијаметар 26 см) кој претходно малку сте го намачкале со путер наредете ги пишкотите кои претходно сте ги потопиле во млекото измешано со рум. Обложете ги страниците на калапот и дното.
- 2.Слатката павлака изматете ја да добиете цврст шлаг, а потоа во неа додадете ја изренданата кора од лимон, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и киселата павлака и нежно измешајте.
- 3.Желатинот потопете го во водата и оставете го да постои околу 10-15 минути. Загрејте ја смесата да се растопи, а потоа додадете ја во кремот и нежно измешајте.
- 4.Поделете го добиениот крем на два дела. Првиот дел распоредете го во калапот врз пишкотите, а врз него наредете слој јагоди исечкани на подебели плочки.
- 5.Врз јагодите наредете слој пишкоти натопени во млекото, а врз распоредете го вториот дел од кремот и завршете со слој јагоди.
- 6.Оставете ја тортата во фрижидер преку ноќ, а следниот ден отстранете го калапот.
- 7.Украсете ја тортата со свежи ливчиња од нане.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна