Прав домашен деликатес. И мирис и вкус на македонската традиција. Омиленото јадење на многумина. Овој рецепт е дело на нашата пријателка Надица која реши со вас да ја сподели својата кулинарска умешност.
Сарма од кисела зелка
By January 16, 2014
Published:Прав домашен деликатес. И мирис и вкус на македонската традиција. …
Ingredients
- 2.5 до 3 кг листови од кисела зелка
- 800 г јунешко месо
- 200 г свинско мелено месо
- 150 г чадена сланина
- 400 г ориз
- 2 до 3 средни по големи главици кромид
- 100 мл масло за готвење
- 1 лажичка сол (зависно од тоа колку е солена зелката)
- црн пипер, магданос
- 3 лажички црвен пипер
- 7-8 ловорови ливчиња
Instructions
- 1.Исечканиот кромид се пржи во маслото додека не се зацрвени. Се додава меленото месо, се дроби ситно со виљушка и се пржи убаво. Се додава сланината исечкана на мали парчиња.
- 2.Потоа се додава оризот и малку се пржи. Потоа се ставаат црниот пипер и магдоносот, а на крај и црвениот пипер.
- 3.Ако киселата зелка е многу солена, претходно листовите можат да се отсолат во вода (10-15 минути). Сармите се виткаат и се редат во длабоко тенџере, а меѓу нив се става ловорот.
- 4.Тенџерето се дополнува со жешка вода. Покриени со капак, сармите се варат на тивко најмалку 2 часа.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна