Лесно, брзо и едноставно е готвењето на ручекот со Фант, а вкусот е непогрешлив дури и за најпребирливите гурмани.
Сарма со блитва
By June 24, 2013
Published:Лесно, брзо и едноставно е готвењето на ручекот со Фант, а вкусот е …
Ingredients
- 500 г мелено говедско месо
- 1 ќесичка Фант за полнети пиперки и сарми
- 100 г ориз
- 450 мл топла вода
- 2 супени лажици масло за готвење
- 2 главици кромид
- 2 лажици сушен зеленчук за супа( или еден свеж рендан морков)
- 1 говедска коцка за супа Подравка
- 2 поголеми листови блитва
- 1 врзопка магданос
- сол, бибер по желба и вкус
- 100 г рендан кашкавал
Instructions
- 1.Содржината од кесичката фант ја раствараме по упатството и ја мешаме со меленото месо. Коцката супа ја раствараме во топла вода.
- 2.На огнот го загреваме маслото на умерена температура и го пржиме кромидот да добие жолто златна боја,го додаваме месото, сушениот зеленчук и оризот, посолуваме, забиберуваме и оставаме да се пропржи со цел зрното на оризот да остане цело.
- 3.На смесата ја додаваме 1/3 од супата и оставаме да се крчка додека да омекне малку оризот.На крај се додава исечканиот магданос.
- 4.За тоа време од листовите блитва го одстрануваме задебелениот бел дел и листовите ги попаруваме со врела вода за да омекнат и полесно се виткаат.
- 5.На средината од секој лист блитва ставаме една лажица од приготвената смеса и завиткуваме во вид на ролнички, сармички
- 6.Ги редиме во садот за печење сармите една до друга, полеваме со останатата супа и покриени со капак или фолија ги печеме во рерна на 220Ц степени 30 минути.
- 7.Откако сармите се сварени го тргаме капакот и на секоја сармичка одозгора додаваме парче кашкавал по што повторно сармите ги враќаме во рерна за да заруменеат.Пријатен апетит.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна