Најновиот член на нашата дружина Славица Наумовска ни прати одличен рецепт за сарми од блитва. Ова е едно прекрасно јадење каде се служи со кисело млеко. Вкусот на блитвата е идентичен со спанакот. Уживајте!
Сарми од блитва
By March 16, 2013
Published:Најновиот член на нашата дружина Славица Наумовска ни прати одличен …
Ingredients
- 2 снопчиња блитва
- 300 г мелено месо
- 120 г маринирани печурки
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 150 г ориз
- 100 мл Доматно пире
- 100 мл растителна хопла од соја
- малку сол, коријандер, бибер, куркума
Instructions
- 1.Пропржете го кромидот заедно печурките,па додадете го ренданиот морков. Кога малку ќе се пропржи, додадете месото и допржете до крај. Ставете доматно пире,ориз , зачини и оставете го на оган уште 5 минути.
- 2.Се ставете 1 литар вода да зоврие. Блитвата се мие, се цеди и се реди во подлабока здела. Со зовриената вода попарете ги листовите и оставете да постојат 10 до 15 минути. Потоа процедете ги и може да виткате сармички. Не мора да се стискаат бидејќи листовите се доста кревки.
- 3.Наредете ги во плехче каде претходно се ставиле од доматното пире. Полијте ги со вода да ги покрие и ставете да се печат на 200 Ц .Одозгора прво покријте ги со хартија за печење за да не ви изгорат, а после 30 минути печење тргнете ја хартијата и полијте ги со растителна хопла од соја. Допечете да поцрвени и фати малку коричка.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Печење
- Skill Level: Средна