Време е за вкусот на традицијата – домашни превкусни сарми. Бидејќи зелката уште не е скиселена си реков ајде да направам сарма, но во овој случај со листови од винова лоза. Вистински погодок. Ручек за мерак.

Сарми од винова лоза

By Тетка Биберче Published: September 15, 2015

    Време е за вкусот на традицијата - домашни превкусни сарми. Бидејќи …

    Ingredients

    Instructions

    1. Подготовка - сечкање на кромидот1.Кромидот исечкајте го на тенки крукчиња. Ставете го во пластичен сад и со рацете стиснете го неколку пати за да омекне. Додадете малку сол, црн пипер и мелен ким.
    2. Подготовка - Ориз и кромид2.Оризот измијте го и ставете го во садот со кромидот.
    3. Подготовка на месото3.Во садот додадете го меленото месо. Смесата добро промешајте ја и додадете едно јајце.
    4. Отстранување на држките на листовите винова лоза4.Отстранете ги дршките од листовите винова лоза и попарете ги со топла вода. Оставете ги се додека не омекнат и исцедете ги.
    5. Виткање на сармата5.На средина на листот, ставете 1 лажичка од смесата. Превиткајте ги најпрвин страничните делови, а потоа завиткајте ја во ролна. Постапката повторете ја со сите листови од винова лоза.
    6. Подготовка - запржување на кромид и лук6.Во сад, на оган, на малку масло за готвење, запржете еден ситно исечкан кромид и лук. Додадете и исечкан домат (или доматно пире).
    7. Крчкање на сармата7.Врз испржениот кромид ги редиме свитканите сарми, налеваме со топла вода (колку да ги покрие сармите) и сармата ја крчкаме барем 35 до 40 минути.