Драги мои, знам, знам дека знаете да правите сармички од кисела зелка, ама пустото, денеска ги правев овие и не можев да се воздржам а да не го напишам “мојот“ рецепт. Не за друго, туку многу добро ми излегоа! А богами и зелката ми се погоди оваа година :)!
Сармички со кисела зелка
By December 26, 2012
Published:Драги мои, знам, знам дека знаете да правите сармички од кисела зелка, ама …
Ingredients
- 800 г мешано мелено месо
- 150 г сланина
- 2 главици кромид
- 2-3 чешниња лук
- 150 г ориз
- 2-3 кафени лажички црвен пипер
- малку сол (по вкус)
- малку црн пипер
- малку магдонос
- малку мајчина душичка
Instructions
1.Подгответе ги состојките. Извадете ги листовите од главицата зелка да бидат подготвени за полнење.
2.Ставете го месото да се пржи заедно со кромидот и лукот на умерена температура и повремено мешајте ја смесата.
3.Кога месото малку ќе ја смени бојата, додадете 2 лажички црвен пипер, истурете го оризот (а може да замешате и ситни парченца од луто пиперче или буковец).
4.Добро измешајте ја смесата да се изедначи и пржете ја уште неколку минути. Месото не мора да биде комплетно испржено, бидејќи и ќе се вари. На крајот додадете сол, црн пипер, мешан зачин, мајчина душичка и магдонос.
5.Подгответе ги листовите за виткање. Извадете ги кочаните (тврдите коренчиња - ако ги има) и пресечете ги на 2 или 3 дела, во зависност од големината на листот.
6.Врз секое ливче ставете по една лажичка од смесата за полнете. Потоа преклопете ја прво едната страна, па другата страна на сармата, и на крајот завиткајте ја.
7.Наредете ги сармите во подлабоко тенџере така што да не останува простор помеѓу нив (ако треба малку стиснете ги). Редете ги во редови (еден врз друг) се додека имате сарми.
8.Прелијте и со вода (колку да се покријат) во која сте измешале 1-2 лажички црвен пипер и ставете ги на умерен оган да се варат околу 2-3 часа. На крајот, во истото тенџере или во друго тавче, наредете тенки листови сланина одозгора врз сармите и запечете ги кратко во рерна на 200 степени целзиусови.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна