Секогаш сум тврдела дека ти е џабе ако направиш торта, и џабе е ако ти излезе супер, ако не ја пресечеш како што треба. А сечењето торта си е само по себе наука, како што верувам дека веќе знаете. Е токму поради тоа што сечењето е толку комплексна работа, и толку сложен процес, апсолутно е неопходно да ја имате вистинската алатка.

И кога велам алатка, не мислам на нож и на онаа лопатката што луѓе обично ја користат, зошто тие може и да завршат работа, ама дали работата ќе биде завршена како што треба? Нема шанси! Затоа драги мои, ако сакате правилно да ја исечете тортата, и да го добиете она признание што навистина ви следува, набавете си го овој специјален сечач за торти. Да не спомнувам дека сигурно тортата ќе ви биде повкусна ако ја исечете вака!