Морам да признаам дека кога станува збор за даски за сечење (една од најважнииииите работи во кујната), дрвото ми е слабост. Со други зборови, се однесувам како колекционер на дрвени даски за сечење, за голема жал на мојата поубава половина :). Значи, си имам мали, големи, шарени и еднобојни, со дршка и без, за зеленчук, овошје или месо и така натаму. Човек би помислил дека последната работа што би ја купила е нова даска за сечење. Е па не е така!

Скоро ги забележав овие шарени даски кај моите пријатели од Карес, и просто не можев да им одолеам. Шарени, убави на око, функционални, означени – па си знаеш која даска за што е! А за ова последново скоро дознав дека било многу важно! Кој да знае дека месото, на пример, не чинело да се сече на дрвена даска бидејќи постои опасност дел од микроорганизмите што живеат во него да останат во дрвото и потоа да направат белја кај другите продукти кои ги сечкате! Значи, месо никако да не сечете на дрвена даска, а ако некоја пластична не ви се наоѓа при рака, тогаш побрзајте во Карес и набавете си го овој сет!