Да бидам искрена, воопшто не го сакам ананасот, ама имам по дома доста љубители кои само чекаат шанса да ме заглават во кујна да им го лупам, чистам, сечкам. Е ова да ви кажам, баш и не ми е најомилената работа во светот, па едно време пробував да ги навикнам сами да си го чистат, ама џабе. Значи, сакаат ананас, го купуваат, го јадат, ама НЕ го чистат! И тоа ти е.

Армо ама, скоро открив (ми шепна брат ми, да бидам искрена :)) дека и за оваа мака имало лек. Па си постои специјална алатка која ем го чисти, ем го сечка ананасот, и тоа за помалку од минута. Уф, што сакам вакви две или три во едно справички….Ура!

Плус, да не заборавам да ви кажам дека сечково им се виде интересно и на моите сакани домашни, па дури и сами си го користат! Не ми се верува дека си го решив проблемот (си го го купив ова чудо овде)! Всушност, не ми се верува дека веќе не морам да се занимавам со ананас, додека некој од дневна ми довикува “А на нас ни се јадеееее ананас! Не ли можеш малку да забрзаш?“