Сигурна сум дека се нервирате секогаш кога правите боранија бидејќи не можете да ги сечкате боранијките надолжно туку морате попречно. Знам како ви е, бидејќи и мене истото ми се случува. И знам дека е мачно ваквото сечкање, ама упорно се мачам. Не за друго, туку вака исечената боранија има тотално различен вкус од боранијата исечена напречно.

Но, повеќе нема потреба ниту да се мачите, ниту пак да се лишувате од прекрасниот вкус на надолжно исечената боранија. Нарачајте си го овој сечач за боранија од овде и уживајте! Ама не кажувајте на никого дека имате ваков кујнски помошник, и задолжително малку офкајте за да знаат сите колку мачно е во суштина готвењето :).