Не знам дали вие користите свежи зачини, ама мене ми се слабост. И тоа до толку многу што си ги одгледувам во саксии на кујнскиот прозорец. На овој начин никогаш не се наоѓам во ситуација да ми снема свеж магдонос, власец, мајчина душичка, босилек и рузмарин (ова ми е моменталната колекција, ама размислувам да додадам и саксија со нане и жалфија).

Но, внимавајте, користењето на свежи зачини не оди туку така. Не, не. Потребен е посебен напор за одгледување, па за собирање, па треба да се внимава кога се додаваат зачините во готвеното, ама најважно е што треба правилно да се исечкаат! Затоа ова компактно сечко за зачини ми е една од омилените алатки во кујната! Си го најдов во Карес (а каде на друго место :)), и сега да ви кажам дупло ми е зголемено задоволството кога си сечкам зачини. Ем си ги сечкам како што сакам, ситничко, ем не ми се лепат за ножот, и најважно, воопшто не правам лом во кујната. Па само ова ми значи мноооооогу!