Дали некогаш сте пробале да направите природен шејк од тиква? Ако не, ова е правиот момент за тоа. Сезоната на тикви е во полн ек, па затоа искористите го овој период за приготвување на вкусен и здрав шејк. На здравје.
Шејк од тиква
By December 2, 2013
Published:Дали некогаш сте пробале да направите природен шејк од тиква? Ако не, ова …
Ingredients
- 500 г тиква (сварена)
- 750 мл млеко
- 200 мл ванила јогурт
- малку цимет
- малку ореви, бадеми (за декорација)
Instructions
- 1.Тиквата излупете ја, пресечете ја на парченца и сварете ја. Треба добро да омекне.
- 2.Во блендер ставете ги парченцата тиква, додаде млеко, малку цимет и ванила јогурт. Убаво изблендирајте.
- 3.Шејкот префрлете го во чаша, одозгора ставете малку цимет и наросете издробени лешници или бадеми за декорација.