Селското месо во регијата каде што живеам се спрема на друг начин, за да си ја задоволам радозналоста, одлучив да овој пат го спремам по рецепт на Вања,… не се покајав, одлично.. останува сега за вас радозналите да ја пробате оваа варијанта, а кога Фант е со нас, вкусот е загарантиран…
Селско месо
By June 8, 2013
Published:Селското месо во регијата каде што живеам се спрема на друг начин, за да …
Ingredients
- 200 гр кромид
- 2-3 помали моркови
- 300 гр маринирани шампињони
- 400-500 гр месо од свинско каре сечено на коцки
- 2-3 лажици ситно сецкан магданос
- 50 мл црвено вино
- 300 мл вода
- 1 Фант мешавина за гулаш и паприкаш
- 100 мл вода
- на вкус сол, вегета и бибер
Instructions
- 1.Сецканиот кромид и морков кратко се пропржуваат,додадете месото- заедно уште се пропржува окол 5-6 мин., додадете ги шампињоните, продолжете да пржите повторно околу 5-6 мин.
- 2. Додадете виното и водата.
- 3.осолете на вкус со солта и вегетата, додадете мелениот црн пипер и магданосот.
- 4.Префрлете во земјена тава или лонец, поклопете со капак, ставете во предходно загреана рерна на 180 степени да крчка околу 2 часа.
- 5.Фант мешавината растворете ја во 100 мл. млака вода, додадете во садот, промешајте, вратете назад во рерната да крчка уште 30 мин. одкриено - без капак.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Средна