Ова традиционален италијански сладолед од домашната работилница… сладолед кој се спрема со разно овошје, разни вкусови… кај мене овој пат со малини.

Семифреддо со малини

By Лилјана Илиева Published: July 9, 2013

    Ова традиционален италијански сладолед од домашната работилница... …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад се матат жолчките и шекерот кратко време, потоа се става врз тенџере во кое врие вода и се матат над пареата се додека не станат жолчките крем (матењето трае околу 4-5 минути). Се трга настрана.
    2. 2.Над пареа се топат 200 гр. чоколадо и внимателно се додава кон кремот од жолчките.
    3. 3.Во слатката павлака се додава екстратот од ванила, се мати и се додава кон кремот од жолчките - внимателно се меша.
    4. 4.Се додава останатиот дел од 100 гр. чоколадо кое е ситно исецкано, малините, со лажица внимателно се меша и се става во калап 30х10 во кој предходно е ставено хартија за печење. Се остава во замрзнувачот најмалку 4-5 часа. Уживајте....