Ако сте многууу гладни и ви треба екстра енергија, тогаш овој сендвич е правиот избор за вас. Квалитетно свинско каре во чабата лепче. Феноменално!

Сендвич со свинско каре

By Тетка Биберче Published: November 28, 2012

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

Ако сте многууу гладни и ви треба екстра енергија, тогаш овој сендвич е …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Парчињата свинско каре намачкајте ги со маслиново масло, зачинете со сол, црн пипер и малку свеж или сув рузмарин. Со чекан за месо исчукајте го малку месото за да добиете потенки листови.
  2. 2.На добро загреана скара,сипете малку масло за готвење и месото печете го неколку минутки од двете страни. Водете сметка да не го препечете и исушите месото.
  3. 3.Лепчето пресечете го на пола и затоплете го во рерна неколку минути се додека не стане крцкаво. Намачкајте го со неколку лажици сенф и ставете измиена и исушена рокула.
  4. 4.Во меѓувреме, месото тргнете го од скара, посипете го со лажица маслиново масло и со сок од еден лимон. Оставете го неколку минути месото да го впие лимон и ставете го врз запеченото лепче. Течноста од месото не фрлајте ја туку истурете ја врз сендвичот.