Овие ролнички или уште попознати како “Cannoli Siciliani“ се специјалитет на италијанската кујна. Доаѓаат од зборот „cannoli“ што значи “малa цевка”, па оттука и името. Вообичаено, сицилијанските ролнички се полнат со бело младо сирење, рикота или маскарпоне, а се и збогатени со кандирани овошја, чоколадо, бадеми….
Сицилијански ролнички
By August 26, 2013
Published:- Prep: 20 mins
- Cook: 20 mins
- Ready In: 40 mins
Овие ролнички или уште попознати како “Cannoli Siciliani“ се специјалитет на …
Ingredients
- 250 г брашно
- 30 г шеќер
- 2 лажички какао во прав
- 1 јајце
- 50 г путер (омекнат)
- 1 лажица слатко бело вино
- 1 белка (за премачкување на тестото)
- малку масло за пржење
- 500 г рикота или несолена урда (крем)
- 250 г шеќер во прав
- 100 г кандирано овошје
- 100 г чоколадо за готвење
Instructions
1.Брашното помешајте го со шеќерот, какаото и јајцето. Со раце мешајте. Во меѓувреме, додадете путер и малку бело вино. Месете се додека не добиете изедначено тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го барем еден час во фрижидер.
2.На набрашнета површина, расукајте го тестото и со чаша вадете крукчиња. Краевите на тестото намачкајте ги со изматена белка и секој круг тесто завиткајте го околу метални цилиндри за шам ролни (совет: цилиндрите премачкајте ги со масло за тестото да не се залепи).
3.Пржете ги во згреано масло се додека тестото не стане крцкаво. Доколку ги печете, печете ги на 170-180 степени, околу 15 минути. Пржените ролни ставете ги врз кујнска хартија, а потоа и внимателно отстранете ги цилиндри.
4.Крем: Кандираното овошје ситно исечкајте го. Чоколадото, со нож, исечкајте го или изрендајте го. Со миксер изматете ја рикотата заедно со шеќерот во прав. Додадете го овошјето и чоколадото и добро измешајте.
5.Со смесата наполнете го готварскиот шприц, и секоја ролна наполнете ја. Украсете со кандирани кори од портокал.
- Cuisine: Десерт
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна