Има ли некој од вас што не сака кујнските фиоки да му бидат средени и секогаш да можете веднаш да ја најдете баш онаа алатка што ви треба без да морате да копате низ купче такви справи и справички? Сигурна сум дека сите сонуваме за такво нешто, особено за оние фиоки што содржат работи кои баш и не се користат секој ден – како разни затварачи и отварачи, маталки и мешалки, мералки и мачкалки, лажици и специјални ножеви и така до бесконечност?

Затоа оваа адаптабилна силиконска подлога за фиоки е совршено решение и ви овозможува на лесен и брз начин да си ги организирате фиоките и алатките во нив. Си доаѓа со подвижни ограничувачи кои можете да си ги наместите по желба, па ќе бидете сигурни дека се ќе си има свое место и дека лесно ќе можете да го најдете. Инаку, организаторот за фиоки, односно подлогата заедно со ограничувачите можете да ја набавите тука!