Е сега навистина никој нема да има изговор дека не знае да готви! Истражувачите од Институтот за технологија во Токио го промовираа овој симулатор за готвење кој наликува на играчка. Се состои од тавче за пржење, лажица и полу-огледален екран во кој може да се гледа виртуелната храна.

Во комбинација со симулатор на кондуктор на топлина, новиот систем може да го пресмета трансферот на топлина врз виртуелната храна и да ја процени количината на испарувања. Ова овозможува промена на текстурата на виртуелната храна, па месото кое се пржи подолго време добива кафена боја, а зеленчукот потемнува.

Изумителите велат дека ќе продолжат да работат на симулаторот за готвење и ќе се обидат да му најдат и други примени. На пример, тие велат дека можеби може симулаторот да се поврзе со процесот на готвење во секој обичен дом, па да имате екран кој ви покажува “ако пржите уште 3 минути, месото ќе ви изгледа вака, а ако пржите уште 5 – ќе изгледа вака. Што ви се допаѓа повеќе?“.

Да ви кажам искрено, баш и не знам дали би сакала таму некој си екран и роботски глас да ми се пика во тенџерињата додека креирам (престанав да викам “готвам“ од чисто естетски причини, да знаете), ама во секој случај симулаторов е интересен, не мислите ли и вие така?

П.С. Погледнете го симулаторот на дело во следново видео.